Леон Маршан е вистински пливачко чудо. Вечерва херојот на Франција го освои четвртото злато на овие ЛОИ и повторно со олимписки рекорд.
Маршан победи на 200 метри мешано со резултат 1:54.06, и повторно го собори рекордот на Мајкл Фелсп. Маршан испишува историја, едноставно плива феноменално.
Досега во историјата повеќе од четири златни медали освоиле само Марк Шпиц и Мајкл Фелпс.
Втор на оваа трка заврши Данкан Скот од В.Британија, додека третопласиран беше Шун Ванг од Кина.