Франција со 1:0 ја победи Аргентина во последниот четвртфинален меч на ЛОИ. Стрелец на голот беше Матета уште во 5.минута. Со ова Франција си закажа полуфинале со Египет кој претходно го победи Парагвај по пенал рулетот. Во текот на целиот меч проследивме нервозна игра, на работ на инцидент.
Но по последниот свиреж на судијата дојде до масовна тепачка, Нервозните Аргентинци не можеа да се помират со поразот дојде до голем инцидент. Според извештаите тепачката се префрлила и во тунелот на стадионот во Бордо.