Почина поранешен кошаркар на МЗТ Скопје

11078

Во Србија по долго и тешко боледување, на 58-годишна возраст почина Ивица Мавренски поранешен кошаркар на неколку српски клубови, како и на повеќекратниот македонски шампион МЗТ Скопје.
Најславните денови ги помина во Црвена Звезда со која беше шампион на Југославија во 1994 година. Како активен кошаркар играше за репрезентацијата на Југославија. Во својата 16-годишна професионална кариера играше за Раднички, ФМП Железник, Хемофарм, Визура, Војводина, Железничар од Инџија, Ибон од Никшиќ, ЗТЕ од Унгарија, а во 1998 година и за МЗТ Скопје.
Освои бронзен медал со Југославија на јуниорското ЕП 1984 година и златен медал со Југославија на кадетското ЕП 1983 година.

ПретходноХрватката која сакаше да се откаже од тенисот денеска игра за злато на ОИ
СледноАндреевски пред полуфиналето со Бугарија: Полна сала и поддршка за уште една победа