Воска го договори и Нигериецот Дадет, некогашен фудбалер на Победа!

533

Воска Спорт како да не знае за доста. По сите оние силни засилувања, а некои и од егзотични фудбалски земји како Авганистан на пример, најново засилување е Амос Дадет (24), интернационалец од Нигерија. Тој не само што е договорен туку е и потпишан, се чека само на промоција.

Инаку станува збор за играч кој може да игра на неколку позиции во дефанзивата, но и како дефанзивен играч за врска.

Амос Дадет е некогашен играч на Победа, за која настапуваше пред две години.

ПретходноФранција си гази, триумф и против Шпанија за потврда на првото место во групата!
СледноПротив Новак во 1.коло освои само еден гем, но затоа во двојки си лапна злато!