Абутовиќ: Мислам дека ќе бидеме „тврда орев“ за сите во Лигата на шампиони

300

Илија Абутовиќ е едно од новите засилувања во редовите на Пелистер за новата сезона. Битолчани ќе ја бранат шампионската титула, а покрак атак на Купот на Македонија, повторно ќе бидат дел од Лигата на шампиони. Токму екс-вардарецот ќе биде дел од мозаикот, кој треба да донесе многу подобри резултати на европска сцена.

Абутовиќ е среќен што повторно е во Македонија. Задоволен е од составот на тимот, што пак е причина да верува дека ќе бидат тежок противник за големите имиња во ЛШ.

„Многу сум среќен што се вратив во Македонија и што повторно ќе играм во Лигата на шампионите со еден македонски тим. По тоа што го гледам, мислам дека ќе имаме добра и борбена екипа, со два добри голмани. Се надевам дека ќе извлечеме добар резултат во домашното првенство и Лигата на шампионите.

Цело време ги читам македонските медиуми, гледам натпревари. Го следев и македонското првенство, особено дерби пресметките. Ми се допаѓа што лигата е многу поправена и посилна, делува дека е апсолутно израмнето со четири-пет одлични екипи.

Ми делува дека ќе бидеме „тврд орев“ за сите и во Лигата на шампионите, особено дома. Мора да бидеме борбени и се надевам дека ќе направиме нешто добро“, изјави Абутовиќ.

 

ПретходноПо освојувањето на златниот медал се огласи Перо Антиќ
СледноАмериканците си закажаа полуфинале со Полска