Ништо од „бомбата“ на Јувентус, Германецот одби трансфер

364

Напаѓачот на Борусија Дортмунд и германската репрезентација Карим Адејеми потврди дека нема да се пресели во Јувентус.

Беше на мета на „старата дама“, но се чини дека немаше конкретни потези. Понудата на Јувентус беше недоволна, не само за Борусија, туку и за Адејеми.

„Многу сум среќен и сакам да играм за Борусија Дортмунд. За мене никогаш немало дилема дали ќе останам овде и мојот план не е променет“, изјави тој.

Адејеми во Борусија дојде летото 2022 година од РБ Салцбург за 30 милиони евра. Има само 22 години, четири настапи за Германија и постигна еден гол, но не се најде во ростерот за претходното Европско првенство.

Јувентус наводно понудил 30 милиони евра за неговиот трансфер, но Борусија одбила да преговара. Сега одби и самиот фудбалер, па Јуве ќе мора да се сврти кон други цели.

ПретходноШпанија ќе игра за златниот медал и на ЛОИ
СледноПознати се групите на струшкиот турнир