Најавите се остварија, Гуџуфи замина во Бешикташ

31

Македонскиот младински репрезентативец и досегашен член на тимот на Беласица, Бесар Гуџуфи и официјално е дел од тимот на Бешикташ. Еден од најталентираните млади фудбалери во Македонија, заминува во Турскиот великан и ја подига својата млада но ексра перспектривна кариера на едно сосема поинакво ниво, објави порталот Албспорт.

Спортмедиа најави уште пред десетина дена дека  екс младинецот на Вардар заминува за Турција и потпипува за овој клуб. Гуџуфи е роден 2004 година и се реши последната полусезона да ја мине во тимот на Беласица, и да собере неопходно прволигашко искуство, иако во моментов сеуште има само 16. години.

Му посакуваме многу среќа на младиот Македонски репрезентативец кој им се придружува на Ердон Даци односно Адис Јаховиќ кои во моментов се дел од најдоброто турско фудбалско друштво.

 

ПретходноБруклин Нетс ја изведоа акцијата на сезоната (ВИДЕО)
СледноКристијано Роналдо веќе се пакува и заминува од Торино (ВИДЕО)