По кусата авантура во Кувајт, тунискиот интернационалец и официјално се врати во РК Пелистер, се врати во Битола. Се чини дека фановите на нашиот шампион во претстојниот период ќе можат да уживаат во головите на десниот бек. Хосни веќе се приклучи во подготовките на РК Пелистер, а притоа даде и изјава во која не криеше дека е среќен што се врати во нему позната средина:
“Убаво е што се вратив, што видов познати лица во клубот и градот. Има многу ракометари со кои играв. Се надевам дека ова ќе биде добра сезона, секако дека целта е, а и најважно е да се освојат трите титули на домашна сцена. Исто така посакуваме победи во Лигата на Шампионите, тоа би било добро за клубот, но и за градот Битола.Да се игра во Лигата на Шампионите е нешто извонредно, така е кога се игра против врвни екипи и врви ракометари. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на клубот да освојува титули“ рече покрај другото Хосни.