Германија ја спакува Грција и за првпат во историјата ќе игра полуфинале на ЛОИ

109

Актуелниот светски шампион во кошарка, репрезентацијата на Германија, за првпат во историјата се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри, совладувајќи ја Грција со 76:63 (11:21, 25:15, 23:16, 17:11) во првиот четвртфинален натпревар одигран во Париз.

Германија благодарение на одличната одбрана и расположените играчи Вагнер и Шрудер целосно го надигра противникот во вториот дел.

Вагнер беше најдобар стрелец кај победничката екипа со 18 поени. Шрудер постигна 13 поени и седум асистенции. Тиман искомбинира десет поени и шест скока, а Исак Бонга постигна девет поени и имаше шест скока.

На другата страна Јанис Адетокумбо имаше 22 поени.

Во полуфиналето Германија го чека победникот од дуелот меѓу Канада и Франција кој ќе игра од 18 часот. Од 14 часот и 30 минути ќе играат Србија – Австралија, а од 21 часот на паркетот ќе излезат последната четвртфинална двојка Бразил и САД.

ПретходноЧичко Дончо со честитки до златните момци: Вие сте наша надеж и чест!
СледноЛазаров: Стратегијата и амбицијата останува иста – произведување на македонски играчи