Ја обоија куќата на Меси на Ибица и му порачаа: Вашиот луксуз ни води кон климатска криза

559

Климатските активисти го нападнаа просторот на замокот на Лионел Меси на Ибица и го намачкаа со боја. Станува збор за претставници на групата „Futuro Vegetal“, која буквално се преведува како Растителна иднина. Нема информации дека во тој момент таму бил аргентинскиот фудбалер или некој член од неговото семејство.

Членовите на „Футуро вегетал“ се луѓе кои тврдат дека богатите се виновни за климатските промени. Тие го цитираат истражувањето кое покажува дека 1% од населението на Земјата – главно најплатените луѓе – се одговорни за исто толку загадување како 2/3 од остатокот од човештвото. Тоа е поради нивниот луксузен начин на живот, што доведува до огромни емисии на јаглероден отпад.

Движењето „Futuro Vegetal“ употреби црвена и црна боја со спреј за да ја испрска вилата на Меси. „Вашиот луксуз ни води кон климатска криза“, пишува на еден од ѕидовите.

Активистите тврдат и дека предметниот дворец, кој Лео го купил за 11 милиони евра, бил незаконски изграден.

„Помогнете ѝ на планетата, јадете го богаташот, укинете ја полицијата“, стои на натписот на носилки што ги оптегнале членовите на движењето кои се појавиле во вилата.

ПретходноОлмо се договори со Барселона – Романо ги откри деталите!
СледноСрбија се врати од бездната: Од минус 24 и продолжение до полуфинале на ЛОИ