Србија се врати од бездната: Од минус 24 и продолжение до полуфинале на ЛОИ

293
Фото: ФИБА

Репрезентацијата на Србија е вториот патник во полуфиналето на Летните Олимписки Игри во Париз, откако славеше против Австралија со 95-90 после продолжение. Избраниците на Светислав Пешиќ се вратија од голема негатива, имаа шанса да победат во регуларниот дел, но Мициќ беше половичен од линијата за слободни фрлања. Во битката за место во финале ќе го чека подобриот од САД и Бразил.

Никола Јокиќ и овој пат беше лидер, постигна важни поени во продолжението. На крајот зад своето име запиша 21 поен, 14 скока и 8 асистенции, зад него беше Богдан Богадновиќ со 17 поен, пет скока и шест асистенции.

Србија во првото полувреме изгледаше немоќно, Австралија лесно го зема дуелот во свои раце и веќе во втората четвртина водеше со плус 24 (20-44), нешто што го разбесни и Светислав Пешиќ. Побара од своите момци да играат со контакт, бидејќи на теренот изгледаа лежерно, што пак им даде право на сите да ја отпишат Србија.

Сепак во второто полувреме се промени слика, со серија од 15-2, Србија успеа да поведе со 61-60 и да го доведе мечот на нивото на кое сите очекуваа.

Во последните десет минути „орлите“ влегоа со позитива од два поени, а на стартот на истата имаа плус шест (73-67). Австралија брзо се врати резултатски, нешто што се очекуваше, па мечот беше решен после голема битка. Милс на 32 секунди при 81-80 не успеа да реализира и донесе минимално водство. На другата страна Мициќ на 9.8 секунди до крајот застана на линијата за слободни фрлања, реализираше само едно за 82-80, а тоа ја чинеше неговата репрезентација продолжение, Милс израмни на 82-82.

Во дополнителните пет минути, а таму беше игра на нерви. Јокиќ го врати својот тим на плус три (83-80), во својот последен напад Австралија ја загуби топката, Петрушев ја украде, Богдановиќ застана на линијата за слободни фрлања за 95-90. Ова беше доволно за победа.

ПретходноЈа обоија куќата на Меси на Ибица и му порачаа: Вашиот луксуз ни води кон климатска криза
СледноКошаркарките убедливо поразени и од Бугарија