Најјакиот потег во тенисот (Видео)

1237

Бен Шелтон и Александер Бублик играа меѓу себе на турнир во Канада.
Бублик направи еден од најневеројатните трикови во историјата, дури и неговиот противник остана шокиран од ова. Бублик не можеше да го стигне топчето и го фрли рекетот по што го удри топчето кое ја помина мрежата и заврши во полето на противникот. НО… според правилата не можете да ја погодите топката без да го држите рекетот во рака.
И покрај атрактивниот потег, сепак, овој поен не важи. Шелтон победи во мечот и се пласира во следната фаза.

ПретходноРељиќ остана без репасаж и без шанса за медал
СледноТолку беше: Славниот Пепе означи крај на кариерата!