Дарио Ивановски со порака од Париз: Цел живот се подготвував за Олимпијадата!

532

Дарио Ивановски е последниот македонски олимпиец кој ќе настапи на ЛОИ во Париз. Тој утре ќе настапи на маратонската трка во главната престолнина на Франција. Тој од Париз испрати порака дека се чувствува добро и дека е подготвен за олимпискиот предизвик.

„Цел живот се подготвувам за овој настан. За овие три недели, совршено го темпирав форматот. Можам да кажам дека мојата форма е подобрена и мојата енергија е прекрасна со сите спортисти околу мене. Се чувствувам подготвен за утрешниот маратон. Очекувам да бидам во првата половина и да ја истрчам најдобрата трка. Сакам цела Македонија да ужива во олимписката трка со мене“, изјави Дарио.

Ивановски е сопственик на македонскиот државен рекорд во маратон, што во моментов изнесува 02:08:26 остварено во Севиља оваа година.

ПретходноСкандал: Светската антидопинг агенција откри дека Американците „замижувале“ пред позитивните спортисти
СледноБрера ја одреди цената и местото на продажба на билетите за пресметката со Вардар