Последниот македонски спортист кој настапи на Летните Олимписки Игри е Дарио Ивановски. Маратонот во Париз го заврши на 69-то место.
Ова беше прв настап на еден наш спортист на еден маратон на ЛОИ, тој истиот го заврши со време 02:28:15, што е под неговиот рекорд, кој изнесува 02:08:26 поставен во Шпанијa.
Позади Дарио остана и олимпискиот победник Елуид Кипчоге кога не ја заврши трката и се откажа на 30 километар.
Со настапот на Ивановски, македонската делегација се враќа во Скопје. На ЛОИ во Париз имавме шест учесници.
Тамират Тола од Етиопија со нов олимписки рекорд го освои маратонот и се закити со златниот медал. Тој заврши со време 2:06:26, што е за шест секунди подобро од олимпискиот рекорд. Второпласиран со сребро беше Башир Абди од Белгија со време од 2:06:46, додека Бенсон Кипруот од Кенија го освои бронзениот медалсо време од 2:07.00.