Конечно. Имане Келиф од Алжир освои златен медал на боксерскиот турнир во женска конкуренција. Се разбира дека по ова контроверзите околу нејзе и за нејзе и натаму ќе бидат топ тема, но факт е дека таа му донесе злато на својот Алжир по ова Келиф имаше посебен коментар:
„Јас сум жена како и сите други жени. Овој златен медал е од посебно значење. Да, се натпреварувам како жена, да, живеам како жена. Свесна сум за сите напади, но, ете, овој мој усшех му дава посебен вкус поради сите напади“ посочи Келиф.
Да потсетиме дека Келиф од пошироката светска јавност беше обвинувана дека е машко, тоа го коментираа и дел од нејзините противнички, тоа беше централна вест на овие ЛОИ, но сепак златото оди кај неа, во нејзиниот Алжир.