Американката Масаи Расел победи на трката на 100 метри со препреки на ОИ во Париз. Вечерва во финалето таа оствари време од 12.33 секунди и за една стотинка беше побрза од најблиската конкурентка Сирена Самба-Мајела од Франција, а за три стотинки побрза од третопласираната, златната од ОИ во Токио, Јасмин Камачо-Квин од Куба.
Toa e петто злато за САД во оваа дисциплина, а прво по 2016 година.