Добар фудбал во Струмица: Брера рано поведе, Закариќ врати, на пауза се замина со 1:1!

892

Заврши првото полувреме во Струмица на мечот меѓу Брера и Вардар, последниот меч од 1.коло во новата сезона. На пауза се замина со 1:1. Домашните поведоа рано, уште во 2.минута и тоа со голот на Ивковиќ Вардар врати во 29.минута со голот на Закариќ, откако убаво беше проигран од Дианеси.

Натпреварот се игра под “рефлектори“ во Струмица, има доста публика на трибините на “Благој Истатов“ кои имаа што да видат. Тука се и фановите на Вардар, “Комитите“ кои му даваат посебен шмек на овој меч.

Брера имаше повеќе шанси, Ивковиќ и Мато опасно се заканија, но за малку непрецизно.

Вардар во средината од полувремето ја презеде инцијативата, покажа дека сака и знае да игра, а во тие моменти падна израмнувачкиот гол.

Се разбира дека во продолжение од средбата очекуваме возбудувања на дуелот меѓу Брера и Вардар.

ПретходноТрајковски стрелаше во ремито на Хајдук против Локомотива
СледноЈокиќ ужива во коњски трки и ладно пиво (ВИДЕО)