Нова лига, нов клуб, истиот Жозе Мурињо

1216

Португалскиот тренер Жозе Мурињо направи шоу на дебито на клупата на Фенербахче во турската Супер лига. На првиот меч Жозе доби жолт картон по само 20 минути. Претходниот менаџер на Фенербахче во две години на кормилото не добил ниту еден жолт картон во турската Супер лига.
Мурињо „пожолте“ поради расправија со судијата.
Тоа е Мурињо. Избувлив, непредвидлив, темпераментен. Како илустрација, во претходниот негов клуб Рома три пати беше исклучен во една сезона поради караници со судиите. Претходно беше исклучуван и како тренер на Челзи и на Реал Мадрид.

ПретходноСтрашно! Загинал поранешен фудбалер на Олимпијакос и младински репрезентативец на Грција
СледноПознато е колку ќе заработи Абердин од трансферот на Миовски