Славниот кошаркар се прости од дресот на Франција

177
Foto> Screenshot/Twitter

Легендарниот француски кошаркар Николас Батум одлучи да стави крај на репрезентативната кариера по завршувањето на ОИ во Париз. „Триколорите“ беа поразени во финалето од САД со резултат 98-87.
Време да кажам доста. Го носев овој дрес 15 години, четири пати бев на Олимписките игри, четири пати на светските и четири пати на европските првенства. Направив се што требаше да се направи, освоив седум медали и пресреќен сум“, изјави Батум.
Сепак, овој 35-годишен играч ќе ја продолжи својата НБА кариера, а во наредната сезона ќе настапува за Лос Анџелес Клиперс, за кој играше во периодот од 2020 до 2023 година.

ПретходноОд ринг на суд – Келиф поднесе тужба поради „сексистичката кампања“ против неа
СледноКадети ја почнуваат битката за опстанок (ЛИНК)