Додека навивачите на Барселона очекуваат клубот да донесе уште некое засилување по Дани Олмо, челниците сакаат да направат чистка кога е во прашање играчкиот кадар и веќе е јасно кои играчи наскоро ќе го напуштат клубот.
Барселона минатата недела успеа да го официјализира доаѓањето на Олмо кој клубот му плати над 60 милиони евра на Лајпциг.
Сепак, навивачите се надеваат дека каталонскиот тим ќе донесе уште некое засилување, но за да го направат тоа потребно е да продадат некого за да направат простор во буџетот и да немаат проблеми со финансискиот фер-плеј.
Араухо е првиот што Барса реши да го продаде бидејќи овој 22-годишен играч е пред потпис за Бурнмаут, а Каталонците од овој трансфер ќе инкасираат десет милиони евра.
Сепак, покрај Араухо има уште неколку играчи кои се отпишани. Првиот е Серхи Роберто, кому Барселона не му понуди продолжување на договорот, а синоќа и официјално беше потврдено дека повеќе нема да го носи дресот на каталонскиот тим.
Мундо Депортиво објави дека Ханси Флик отпишал уште двајца првотимци и официјално ги известил.
Станува збор за Ансу Фати и Витор Роке, кои не го импресионираа Флик за време на подготовките за новата сезона, а германскиот стручњак реши да биде искрен со нив и да им признае дека нема да му требаат во новата сезона.
Флик му дал дозвола на клубот да ги продаде или испрати Фати и Роке на позајмица и наводно вчера имал разговор со нив и им го кажал истото.
Фати неодамна се врати од позајмица од Брајтон и изјави дека ќе остане да се бори за место во тимот на Барселона, но покрај жестоката конкуренција на крилните позиции и тоа што не е во најдобра форма, на крајот очигледно не успеал.
На подготовките најразочарувачки беше Роке за чиј статус веќе извесно време се зборува, но сега е јасно дека и тој ќе ги спакува куферите и среќата ќе ја бара во нов клуб.
Се очекува ова да не бидат единствените заминувања од тимот, бидејќи Барселона сака да продаде некој „капиталист“ за да доведе нови засилувања, а најмногу се шпекулира дека тоа некој би можел да биде Френки де Јонг, Рафиња…
Главната цел на Барселона е доаѓањето на Вилијамс со која наводно веќе се е договорено, но Каталонците не можат да го регистрираат додека не продадат некого, а тоа е единственото нешто што го кочи овој трансфер.