Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, призна дека клубот допрва треба да му понуди нов договор, и покрај тоа што Холанѓанецот веќе влезе во последната година од актуелниот договор. Дефанзивецот минатиот месец наполни 33 години, а вообичаено во вакви ситуации Ливерпул нуди продолжување на договорот за една година.
Запрашан за ситуацијата околу новиот договор, Ван Дијк кратко прокоментира по вчерашната победа над Севиља:
„Во моментов нема ништо ново“.
На листата на играчи кои не добиле нов договор, а им истекува за една година е Мохамед Салах.
„Јас сум позитивен и самоуверен. Мислам дека треба да направиме неколку трансфери со оглед на тоа колку е долга сезоната. Сепак, мислам дека луѓето кои се задолжени за тоа работат напорно зад сцената и уверен сум и верувам дека ќе ги направат вистинските работи за да го имаме најдобриот можен состав и да бидеме конкурентни на секој турнир на кој влегуваме“, додаде Салах.