Претстојниот викенд ќе стартува новата сезона во најсилната лига во светот, во Премиерлигата. И како што е ред, тука се најавите, прогнозите, желбите за тоа кој како ќе мине во сезоната 2024/25.
Интересно е да се види што кажува Студијата за вештачка интелегенција, односно Суперкомпјутерот.
А тоој вели дека Манчестер Сити повторно ќе биде првак и во оваа 2024/25 сезона што би била историска петта титула по ред. Навистина ако се случи ова тогаш јасно е дека тоа ќе биде нешто фантастично за “граѓаните“ кои уште не знаат со сигурност дали оваа сезона ќе биде последна за Пеп Гвардиола како менаџер.
Арсенал ќе биде голем конкурент, но тимот на Микел Артета одново ќе се биде само втор, како што беше во минатите две сезони.
Во првата сезона без Јирген Клоп, но со Арне Слот составот на Ливерпул ќе биде на третата позиција, а четврти ќе биде Челзи со новиот менаџер Енцо Мареска.
Њукасл ќе биде петти додека Манчестер Јунајтед одново ќе разочара и ќе биде шести, а на седмо место ќе биде Тотенхем.