Хајдук со соопштение: Иван Перишиќ си заминува

780

Хајдук Сплит се огласи околу ситуацијата со Иван Перишиќ, кој поради недисциплина беше исфрлен од тренингот и не беше во комбинација за гостувањето кај Локомотива (1:1). Тренерот Џенаро Гатузо откри дека хрватскиот репрезентативец уште пред 20-тина дена рекол дека сака да го напушти клубот.
Спортскиот директор Никола Калиниќ потврди дека искусниот хрватски репрезентативец заминвуа од „Пољуд“.
Жал ми е што се направи атмосфера која негативно се одрази на клубот, но посебно на Иван и неговата фамилија кои незаслужено доживеаа бројни нелагодности. Од првиот ден се знаеше дека Иван веројатно останува до крајот на летото. За жал, во последните неколку денови имаше несогласувања кои резултираа со заклучок дека соработката нема да биде продолжена.
Во наредните денови ќе одлучиме дали излезот ќе биде во форма на трансфер или обостран раскин на договорот“, соопштија од Хајдук.

ПретходноНово големо промашување на Јунајтед: Го купи за 45 милиони фунти, сега го продаде за 15 милиони
СледноКадетите поразени од Грција, шансата за опстанок се вика Италија