Познатиот француски тренер и коментатор Патрик Муратоглу верува дека Новак Ѓоковиќ ќе го гледаме на високо ниво барем уште неколку години.
Новак годинава не беше на самиот врв, имаше и повреда на коленото, па до Париз беше без освоен турнир.
„Верувам дека Новак може да игра уште три или четири години на високо ниво. Тоа е само прашање на мотивација“, вели Патрик Муратоглу и продолжува:
“Верувам дека се бореше да најде мотивација до Олимпијадата. Сличен случај беше и со Рафа. Сите мислеа дека е готов, но тој се врати на земјена подлога и на добро ниво. Тоа му даде дополнителна мотивација на Новак.
Синер почна да игра врвен тенис, истото и Алкараз, мислам дека го допре неговото его, се врати силен и конечно го освои трофејот што го бркаше во текот на целата своја кариера“.
Муратоглу повторно го гледа Новак на подиумите на големите турнири, иако оваа година до Париз не беше особено успешна.
“Што ќе се случи во иднина? Тој е во врвна форма, игра неверојатен тенис и е подготвен да се натпреварува на високо ниво. Верувам дека има уште две, три или четири години во него на највисоко ниво.
Претходно му требаше конкуренција со Федерер и Рафа. Единствената конкуренција што сега може да ја има се Карлос и Јаник. Тие можат да го победат и да го турнат напред. Го допреа неговото его и тој сакаше да им покаже дека се уште е одличен“.
Ноле е веќе далеку пред сите по бројот на Гренд слем титули. Ги има 24 и тоа е недостижно за сите други, барем засега.