Ребиќ ќе биде замената за Перишиќ во Хајдук

169

Анте Ребиќ е близу до Хајдук. Веста за која десетина дена се шпекулира во Сплит и околу клубот сега оди кон реализација. Преговорите меѓу играчот, кој е без клуб по заминувањето од Бешикташ и Хајдук станаа конкретни и левото крило е на чекор до Пољуд.

Ребиќ е замена за Перишиќ, но Хајдук веќе извесно време работи на овој трансфер
Фактичкото заминување на Перишиќ, кој игра на истата позиција, нема никаква врска со ангажманот на Ребиќ, бидејќи Перишиќ и да не заминеше сега, речиси сигурно тоа ќе го направеше на крајот на август или почетокот на септември. Потсетуваме дека во договорот со Хајдук имаше клаузула според која може да замине од 29 август до 5 септември за само 200 илјади евра. Затоа Хајдук порано започна преговори со Ребиќ, за навреме да најде замена за Перишиќ.

Ребиќ како тинејџер настапуваше за РНК Сплит кој го продаде на Фиорентина во 2013 година за 4,5 милиони евра. Ребиќ сите 11 години ги помина во странство. Играше за Фиорентина, Лајпциг, Верона, Ајнтрахт, Милан и Бешикташ.

ПретходноБарселона не пријави пет фудбалери за стартот на Ла Лига, еден од нив е најновото засилување!
СледноСрбите сметаат дека се оштетени против САД, се огласи еден од судиите!