Европскиот првак Реал Мадрид го освои првиот трофеј во новата сезона. Вечерва во Варшава „кралевите“ ја совладаа Аталанта, освојувачот на Лига Европа со 2:0 и на тој начин го освоија трофејот.
За Реал од првата минута заигра новото засилување Килијан Мбапе. Првата шанса ја имаше Аталанта кога шутот на Мартен де Рон заврши во пречката. Во следната акција шутот на Едерсон заврши покрај голот.
Реал својата најдобра шанса ја имаше во финишот на првиот дел преку Родриго.
Во 47 минута Куртоа одлично го одбрани шутот со глава на Марио Пашалиќ. Во 59 минута падна голот за водство на Реал. Федерико Валверде ја смести топката во мрежата на асистенција на Винисиус.
Веднаш потоа Винисиус имаше шанса, но Хуан Мусо го одбрани неговиот удар, потоа голманот на Аталанта спаси при обидот на Белингем.
Во 69 минута Реал веќе имаше 2:0. Килијан Мбапе го постигна првиот гол во дресот на Реал и ја зациметира победата (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).
Реал го освои шестиот трофеј од Суперкупот на Европа.