Наполи ќе се засилува со шкотскиот репрезентативец Били Гилмор

71

Шкотскиот играч за врска Били Гилмор е блиску до трансфер на југот на Италија. „Кориере дело Спорт“ пишува дека претставници на Наполи се во Англија и со колегите од Брајтон ги договараат завршните детали од трансферот на овој фудбалер.
Наполи прво понуди 9 милиони евра кои Брајтон ги одбил, а сега понудата изнесува 12 милиони евра фиксно плус 3 милиони во бонуси.
Што се однесува до Наполи се шпекулира дека клубот може да го ангажира Давид Нереш од Бенфика. Според италијанските медиуми Наполи понудил 25 милиони евра за поранешниот крилен играч на Ајакс и Шахтјор Доњецк. Договорот би бил на четири години.

 

ПретходноВинисиус и Модриќ не сакаат да одат во С. Арабија, ама во Реал има кој сака?!
СледноСтруга 2024: Порази на Струга и Тиквеш, ги очекува битка за петтото место