Реал ги дигна цените на билетите на рекордно ниво

338

Реал Мадрид ги зголеми цените на билетите на рекордно високо ниво откако минатиот месец ја донесе француската ѕвезда Килијан Мбапе. За десет дена Реал ќе му гостува на Ваљадолид во првиот домашен натпревар оваа сезона, а за да го гледате 25-годишниот напаѓач и останатите играчи на мадридскиот тим треба да потрошите меѓу 95 и 210 евра.

Ваљадолид летово се врати од втората лига, а за меч против ваков ривал на „Сантијаго Бернабеу“ требаше да се издвојат најмалку 55 евра минатата сезона.

Долгоочекуваниот Мбапе пристигна на слободен откако му истече договорот со францускиот ПСЖ. Реал Мадрид не ја откри неговата плата, но секако е меѓу највисоките. Мадридскиот клуб, кој во средата навечер го освои европскиот Суперкуп со победата од 2:0 над италијанска Аталанта, оваа сезона настапува во седум натпреварувања. Полн со меѓународни ѕвезди, како 21-годишната Џуд Белингам и 23-годишниот Винисиус Јунио.

Последниве години гледањето на вакви фудбалери во живо веќе стана скапо за просечниот љубител на фудбалот, но никогаш како сега.

Реал Мадрид минатата сезона оствари приход од 1,07 милијарди евра, што е за 27 отсто повеќе од претходната сезона.

Не вклучува пари од продажба на играчи. Кога ќе се одбијат трошоците, тој ја заврши сезоната со добивка од 16 милиони евра. Во исто време при крај е и реновирањето на стадионот, околу кој ќе никнат ресторани и кафулиња, додека на теренот ќе се одржуваат концерти кога нема натпревари.

ПретходноИсториски пад – нова рекордерка во тенисот по број на порази во низа
СледноГатузо го посочи виновникот за бламажата на Полјуд