Манчестер Сити изненадувачки ангажираше талентиран напаѓач од Вест Хем

135

Манчестер Сити го комплетираше потписот со 19-годишниот напаѓач Даивин Мубама. Неговиот договор со Вест Хем беше истечен, но „граѓаните“ сепак мораа да се договорат за обесштетувањето што му го должеа на лондонскиот клуб за градење на фудбалерот од 8-годишна возраст. Износот е 1,5 милиони фунти.

Младинскиот интернационалец на Англија, кој минатата сезона одигра 12 натпревари за Вест Хем, беше на прагот на трансфер во португалскиот Фамаликао, но во последен момент Манчестер Сити го грабна.

„Граѓаните“ имаат потреба од напаѓачки играчи бидејќи Хулијан Алварез беше продаден на Атлетико Мадрид, а Оскар Боб пред неколку дена заработи скршеница на ногата и се уште не е јасно колку време ќе биде надвор од терените. Поради ова, Дајвин Мубала ќе добие шанса од Пеп Гвардиола. Напаѓачот потоа може да биде испратен на позајмица во друг клуб да игра.

ПретходноТотенхем суспендираше играч поради вдишување на азотен оксид
СледноБританската поп ѕвезда стана акционер во Ипсвич