Со минимална победа, Манчестер Јунајтед ја отвори новата сезона во Премиер лигата. На домашен терен, момците на Тен Хаг се намачија за да дојдат до трите бода на средбата со Фулам и тоа со гол во последните 3 минути на средбата.
Гостите од Лондон можеа да извлечат најмалку реми, затоа што одиграа одлични 90 минути. Победата и првите три бода за „црвените ѓаволи“ ги обезбеди холандскиот офанзивен играч Џошуа Циркзе џ со својот дебитантски погодок во дресотна Јунајтед.
Новото засилување на „Олд Трафорд“ ја крена публиката на нозе во 87. минута, кога по центаршутот на Граначо го постигна својот деби гол со првиот допир на топката.
Manchester United 1-0 Fulham
Joshua Zirkze !!!pic.twitter.com/i9jIIZfRsB
— PushGoals (@PushGoals) August 16, 2024