Познато е дека Ајзеа Томас и Мајкл Џордан воопшто не се “мирисаат“ и тоа трае уште од почетокот на 90-тите години на минатиот век кога Чикаго Булс со Џордан почнаа да ги детронизираат Пистонси во НБА. Се знае што се случуваше меѓу нив двајца и по завршувањето на кариерите. А некогашната мега – ѕвезда на Детроит Пистонс не пропушта ппостојано да го деградира најголемиот кошаркар и спортист во историјата.
Па така тој деновиве изјави дека Леброн Џејмс е најдобриот кошаркар во историјата, а Џордан не го ни спомена:
„Никогаш досега немало таков играч како Леброн Џејмс. Секој си има свој омилен играч, ама бројките не лажат. Речиси во секоја статистичка категорија Леброн е најдобар. За мене тој е најдобар играч што сум го видел“ истакна покрај другото Ајзеа Томас.