Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) го одложи натпреварот од Купот на Германија закажан за в петок (20:45 часот) меѓу Бремер и Баерн Минхен.
Причина е епидемијата со Ковид-19 кај домаќините. Новиот датум ќе биде објавен подоцна.
Можеби вака и излезе подобро за Баерн бидејќи тренерот Јулијан Нагелсман е скоро без половина тим, а се уште нема победа на пријателски меч.