Српски репрезентативец ја засили Аталанта

244

 

Аталанта обезбеди уште едно ново име на почетокот на сезоната, а тоа е офанзивниот играч за врска Лазар Самарџиќ кој до сега играше за Удинезе. Двата клуба се договориле за трансферна сума од 20 милиони евра плус 5 милиони во бонуси.

Самарџиќ ќе биде врзан со договор до јуни 2028 година со опција за продолжување.

Со тоа Аталанта се откажува од примарната цел Мет О’Рајли од Селтик. Клубот од Бергамо по неколку неделни преговори се повлече. Нивните понуди ги одби шкотскиот клуб.

 

Претходно“Специјалниот“ со чудна изјава: “Сите Бугари што ги познавам се добри луѓе!“
СледноНаполи договори Бразилец од Бенфика