Нов удар за Аталанта – Лукман побарал трансфер во ПСЖ

221

Аталанта е на пат да изгуби уште еден главен играч. По Теун Копмајнерс кој е блиску до Јувентус, клубот од Бергамо ќе го напушти и Адемола Лукман. Тренерот Гасперини не го вклучи играчот за мечот со Лече затоа што тој побарал да му биде овозможено да го реализира трансферот во Пари Сен Жермен.
Лукман беше стрелец на хет-трик против Баер Леверкузен во финалето на Лига Европа. Тој е важен играч на тимот но ете Аталанта се најде во ситуација да загуби двајца главни играчи и малку време да го надополни нивното заминување.
Лукман дојде во Бергамо од Лајпциг во 2022 година за 9,35 милиони евра.

ПретходноКонечно, Брентфорд го совлада Кристал Палас во Премиер лигата
СледноПолувреме: Работнички под Шара прво промаши пенал па си даде смешен автогол, Силекс си ја “делка“ Брера, Потук блеска во Штип…(ВИДЕО)