Холански ПСВ Ајндховен со голема предност од 3:0 ќе патува на реваншот од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите против дански Митјиланд. Домашните славеа со убедлив резултат кој со една нога ги носи во плеј-оф колото во најсилното европско натпреварување.
Домашната доминација за само 13 минути им донесе предност од три гола. Во 19. минута Мадуеке отвори за 1:0, Марио Гетце зголеми на 2:0 во 29. минута, а конечните 3:0 во 32. минута беа дело на Гакпо.
Во Белгија, Генк иако прв поведе на мечот со Шахтјор, искусниот украински тим со пресврт замина со победа од гостувањето со 2:1. Во третиот меч кој заврши во овој термин, Клуж водеше до 92. минута со 1:0, но Јанг Бојс успеа да се избори за реми 1:1.