Мареска убеден дека Енцо е вистински капитен: Ако еднаш згрешил не треба да го казнуваме цел живот!

217

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска изјави дека Енцо Фернандез, кој беше обвинет дека пеел расистички песни со аргентинската репрезентација по освојувањето на Копа Америка, ја носел капитенската лента на натпреварот против Манчестер Сити бидејќи ја препознал својата грешка и дека соиграчите го гледаат како капитен.

Мареска пред новинарите по натпреваротсо Сити изјави дека е време да се продолжи понатаму, откако Енцо ја призна грешката.

„Тој беше капитен затоа што ги гледам неговите соиграчи, кои го гледаат како пример, како капитен. Не знам за вас, но и јас правев грешки и ги препознав. Како човек, мислам дека ако препознаваш грешка, не треба цел живот да бидеш казнет“, рече Мареска.

Аргентинскиот фудбалер јавно се извини поради видеото со расистички навреди кон француските репрезентативци.

ПретходноСамо ден по победата над Пелистер: Горазд Михаилов повеќе не е тренер на Вардар
СледноИмаше забивање преку Леброн, па веднаш направи трансфер во НБА