“Бомба“: Барселона тргнува по Рафа Леао!

367

Дали е на повидок трансфер – бомба во финишот на летниот преоден рок? Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Барселона и тоа како го посакува во своите редови Рафа Леао, најдобриот фудбалер на Милан и еден од најдобрите во Европа.

Познато е дека Барса нема 100 милиони евра колку што гигантот од Милано бара за Португалецот, и затоа сака да ја намали оваа сума.

Реално оваа опција, барем според висината на отштетата, не е реално да се оствари, но шрашањето е дали Барса има некој скриен адут. Повеќе од јасно е дека играч како Португалецот и тоа како добро ќе му дојде на каталонскиот гигант.

Но за се ова се прашува и Милан, посебно Златан Ибрахимовиќ кој е задолжен за транферите во овој клуб.

ПретходноТоа е Челзи: “Сините“ го купија Жоао Феликс, ги сакаат Осимен и Киеза, а го “откачуваат“ Стерлинг!
СледноПСЖ поради Мбапе може да остане без европска лиценца?!