Целосна системска контрола преку лична идентификација и следење на кредитниот ризик применува финансиското друштво „Флекс кредит”. Согласно законската регулатива која неодамна Министерството за финансии дополнително ја зајакна со измените на Правилникот за кредитен ризик, друштвото целосно ја гарантира безбедноста во процедурите за идентификација и одобрување на кредитите со што клиентите целосно се заштитени.
„Флекс кредит„ и досега негуваше уникатен пристап за заштита на клиентите, нивната сигурност и безбедноста во однос на целосно идентификување на кредитниот ризик. Во филијалите на финансиското друштво на секој барател на кредит му се врши лична идентификација со валидна лична карта или валиден пасош.
Апликацијата може да се заврши брзо и онлајн но финансиското друштво целосно е посветено на безбедноста на процесот и заштитата на сите граѓани.
Во суштина самиот процес на идентификација е двоен. Системската контрола значи внимателна проверка во кредитната историја на клиентот во Македонското кредитно биро, а за сите онлајн апликанти се прави проверка и во клириншката куќа КИБС. Со ова се осигурува дека трансакциската сметка припаѓа на клиентот со чиј матичен број се поднесува апликацијата. Ова од друга страна е гаранција за обезбедување на процесот од манипулации дека можеби некој може да аплицира за кредит со злоупотребен личен документ од трето лице.
„За нас е важна довербата од нашите клиенти, и досегашните и тие кои допрва ќе бидат наши кредитобаратели. Нашата мисија е да им излеземе во пресрет на сите кои имаат непредвидена и итна потреба од пари, но целиот наш фокус е сета процедура да е безбедна, сигурна и доверлива“, велат од „Флекс кредит”.
Системската контрола во сите фази од одобрувањето на кредитот значи и целосна заштита на прибраните лични податоци и нивно безбедно чување и употреба согласно важечките законски прописи.
„Флекс кредит” и во иднина ќе посветува значајно внимание за заштита на клиентите но и на сите граѓани. Индустријата е целосно регулирана од Министерството за финансии, а компанијата дава сериозен придонесе кон нејзиниот развој. Тоа значи и дека финансиското друштво ќе продолжи да врши идентификација и ажурирање на податоците на клиентите со физичко присуство во седиштето на финансиското друштво или во некоја од неговите регистрирани подружници или со употреба на средства за електронска идентификација на високо ниво на сигурност, согласно со закон.