Деко потврди: Се надевавме, но Вилијамс нема да дојде во Барса

232

Барселона нема шанси да го добие Нико Вилијамс ова лето, потврди спортскиот директор на Каталонците, Деко, иако вели дека искрено се надевал дека трансферот навистина може да се реализира.

Младата шпанска ѕвезда беше во преговори со Барселона ова лето, но, во последните денови имаше многу индикации дека договорот меѓу Атлетик Клуб и Барселона нема да се оствари.

Иако неколку шпански медиуми пренесоа вест дека Деко во вторникот повторно имал средба со Вилијамс, спортскиот директор излезе со официјална изјава:
„Го сакаме, но нема да дојде“, гласи кусиот одговор на Деко.

Неодамна, се проширија гласини дека Барселона требало да наддава и за Федерико Киеза од Јувентус.

ПретходноБразилската полиција со гумени куршуми по навивачите на Сан Лоренцо (ВИДЕО)
СледноРистовски го одигра јубилејниот 150. меч за Динамо (З)