Бразилската полиција со гумени куршуми по навивачите на Сан Лоренцо (ВИДЕО)

72

Бразилската полиција пукала со гумени куршуми кон навивачите на синоќешниот меч од осминафиналето на Копа Либертадорес меѓу Атлетико Минеиро и аргентински Сан Лоренцо. Бразилскиот клуб се пласираше во четвртфиналето откако на првиот натпревар одигран пред една недела резултатот беше 1:1, а на реванш дуелот синоќа Атлетико победи со 1:0 со голот на Родриго Батаља.

Натпреварот се одигра на стадионот МРВ Арена во Бело Хоризонте, Бразил, пред повеќе од 40.000 гледачи. Како што објавија медиумите, во еден момент од натпреварот дошло до тепачка меѓу мала група навивачи во гостинскиот сектор, а бразилската полиција одговорила со влегување на трибината, каде испукала гумени куршуми кон гледачите и употребила солзавец. За момент се создало стампедо од навивачи кои бегаат, а од Бразил засега нема информации за посериозни последици од оваа пресметка на трибините.

ПретходноЏеф Безос за луди 6 милијарди долари ги купува Бостон Селтикс
СледноДеко потврди: Се надевавме, но Вилијамс нема да дојде во Барса