Челзи во нов напад: 130 милиони за Лукаку, на потег е Интер!

253

Челзи подготвува нова понуда до Интер за трансфер на напаѓачот Ромелу Лукаку, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според изворот, Челзи е подготвен да му понуди на Интер околу 130 милиони евра за да си го врати Белгиецот во своите редови. „Сините“ се подготвени да му понудат на фудбалерот долгорочен договор со плата од 12 милиони евра по сезона.

Претходно беше објавено дека лондонскиот клуб на „нероаѕурите“ им понудил 100 милиони евра, како и дефанзивецот Маркос Алонсо за Лукаку, но Интер ја одбил понудата, бидејќи имаат намера да го задржи напаѓачот.

Лукаку игрше на Челзи од 2011 до 2014 година.

ПретходноЗатоа е легенда: Буфон на 43-години воодушевува со своите одбрани (ВИДЕО)
СледноНаскоро ќе нема клуб со домашен капитал: Само 6 клуба во Премиерлигата имаат домашен „газда“