Ајакс се засили со италијански дефанзивец од Јувентус

83

 

Ајакс објави дека нов играч на тимот е централниот бек Даниеле Ругани кој доаѓа од Јувентус. Се работи за позајмица до 30 јуни 2025 година.

Ругани е дел од Јувентус од 2015 година, а притоа играше на позајмица во Емполи, Рен и Каљари. Повремениот италијански репрезентативец има договор со Јуве до 2026 година, а оваа сезона ќе нема многу шанса за игра, па клубот го испрати во Ајакс.

„Не можев да спијам минатата недела, но сега знам дека сум тука и е многу поубаво отколку што замислував“, изјави Ругани.

ПретходноШокантно: Гатузо во Хајдук зема 2,4 милиони евра годишно, а тренерот на Динамо четирипати помалку!
СледноРК Вардар убедлив и против Партизан!