По цели 33 години во оваа сезона ќе се игра во нов формат во Лигата на Шампионите. Тоа е познато и ова навистина ќе биде ЛШ. Но тоа не е единствено нешто што е променето.
Имено славната химна на Лигата на Шампионите, онаа која се интонира пред секој меч, онаа која повеќе од три децении сега е со нова верзија. Тоа можеше да се слушне на мечевите од плеј – офот во изминатите денови.
Промените не се големи, но предизвикаа разни контроверзи. Стиховите се исти, но променети се акордите, мелодијата е забрзана додадени се е и ефекти.
Оваа промена наиде на негативни коментари кај фановите на најславното клупско фудалско натпреварување, но така е тоа кога станува збор за фудбалот. Новитетите на почетокот секогаш тешко се прифаќаат.