Откако и дефинитивно се знае дека Барселона нема пари за Нико Вилијамс и Рафа Леао, а и тоа како потребни се засилувања, сега честа на каталонскиот гигант ќе ја спасува познатиот менаџер од Тетово, Фали Рамадани.
Имено преку него во Барса доаѓа Федерико Кијеза, токму Рамадани е негов менаџер и целата работа би била готова за 10-15 милиони евре, колку што треба да му се плати на Јувентус.
Исто така Рамадани во Барса носи негов пулен и во дефанзивата. Станува збор за Марк Пубил од Алмерија, кој беше пред потпис со Аталанта, но тој трансфер е одложен.
Инаку Пубил беше дел од селекцијата на Шпанија која на ЛОИ го освои златото.