Попладнево се одиграа седум средби од 2.коло во ВМФЛ. Брегалница дојде и до втората победа во новата сезона. Денеска со 0:2 славеше на гостувањето кај Новаци. Стрелци на головите беа Даноски и Глигоров.
Моќна игра на Победа и триумф со 5:0 против Борец во меч на екипи кои некогаш играа во елитата. Одлична претстава на прилепчани.
Охрид дома поразен од Аресими со 2:4, беше и 0:4 но домашните сепак колку толку го ублажија поразот.
Вардар (Н) и Беласица одиграа интересен меч кој на крајот заврши со 2:2, исто така реми заврши и дуелот меѓу Осогово и Скопје. Гостите водеа се до 90.минута кога домашните израмнија и дојдоа до бод.
Утре се игра натпреварот во Куманово меѓу Башкими и Македонија ЃП со што се комплетира 2.коло во ВМФЛ.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 2.КОЛО
ВАРДАР (Н) – БЕЛАСИЦА 2:2
ОХРИД – АРЕСИМИ 2:4
ПОБЕДА – БОРЕЦ 5:0
НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА 0:2
САСА – ДЕТОНИТ 0:2
ВАРДАРСКИ – КОЖУВ 1:3
ОСОГОВО – СКОПЈЕ 1:1
НЕДЕЛА, 16 Ч
БАШКИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП