Претседателот на ОФМ, Јовановски, избран во Управниот одбор на Европската конфедерација

640

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, е избран за член на највисокото тело, Управниот одбор на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) на денешното Генерално изборно собрание во италијанскиот град Неапол. Ова големо признание за Македонија, нашата одбојка и првиот човек на Одбојкарската федерација, дојде во време на избор на нов претседател на Европската конфедерација во името на Хрватот Роко Сикириќ.

Јовановски е избран за еден од осумте членови на Одборот на администрација на ЦЕВ, заедно со Ерик Адлер (Данска), Алиса Чешнулевичиуте (Литванија), Маргарет Ен Флеминг (Шкотска), Џалил Јафаров (Азербејџан), Марек Ројко (Словачка), Метод Ропрет (Словенија) и Аника Сјоберг (Шведска).

Сикириќ кој во наредните 4 години ќе ја води европската одбојка го презема претседателското место од долгогодишниот прв човек на ЦЕВ, Александар Боричиќ.

Претходно“Куп на Пријателство“: Пелистерци во финишот го напуштија теренот, па се вратија и на крај загубија во финалето!
СледноДортмунд со победа ја стартуваше сезоната во Бундеслигата!