Барселона го доби дербито во 2.коло во Ла Лига победувајќи го Билбао со 2:1. Победничкиот гол беше дело на Роберт Левандовски во 77.минута, ама сите аплаузи одат на адреса на Ламине Јамал кој во 24.минута постигна фантастичен гол за водство од 1:0.
Да споменеме дека гостите од Билбао израмнија на 1:1 со голот на Сансет во 42.минута.
Барса сега е максимална со 6 бода, но проблемите за Ханси Флик и натаму се тука, Дани Олмо сеуште не е регистриран.
Stop that Lamine Yamal. pic.twitter.com/3KikkegPwi
— Stop That Football (@stopthatfooty) August 24, 2024