Во пресрет на новата сезона РК Вардар1961 во четврток ќе одигра контролен натпревар против тимот на Металург во Скопје во СЦ „Јане Сандански”.
Натпреварот ќе биде од затворен тип, без присуство на публика и со ограничен број на присутни службени лица од двата клуба. Со цел за подобро тактичко воигрување на екипите во салата нема да биде дозволен пристап ниту на медиумите, ниту за фотографирање или снимање.
Се надеваме имате разбирање за ваквата одлука.