Шпанскиот голман Давид де Геа се врати на фудбалот после пауза од повеќе од една година. Минатото лето го напушти Манчестер Јунајтед и чекаше поволна понуда, па дури ова лето потпиша договор со Фиорентина (после 446 денови). Дојде во Фиренца со цел да биде стандарден, но во тимот налета сериозна конкуренција.
Во четвртокот дебитираше за својот клуб во ремито 3:3 против Пушкаш Академија во првото коло од Лигата на конференциите.
Прими три гола, па на следниот меч против Венеција во Серија А беше седнат на клупа. На голот се појави Пјетро Тарачиано кој имаше четири одбрани во ремито 0:0 против Верона.
Всушност Тарачиано бранеше на двата досегашни натпревари во Серија А.
Де Геа има сериозна конкуренција, па ќе треба многу да се потруди за да се наметне.