Утре во хотелот Лимак во Скопје во 12 часот, ќе има прес-конференција на која ФФМ ќе го промовира новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски.
Милевски ја превзеде селекцијата на 1. август од Игор Ангеловски кому му истече договорот, и ќе бара нов ангажман.
Благоја Милевски беше селектор на младата селекција, а сега добива шанса со сениорите. Ќе дебитира во септември на дуелот со Ерменија на домашен терен. Потоа Македонија ќе одигра и против Исланд на гости и Романија дома.